Заев: Целта на прочистувањето е да се оттргнат нечесните и непрофесионалните судии

Законската основа е создадена, Заев никогаш не сакал ниту треба било кој да крева телефони на судиите да врши влијание, да кажува како треба, што треба да прават со процесите, дали побрзо побавно како да судат и слично , скраја да е, никој не треба тоа да го прави во државата, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Националниот сервис.

„Одговорноста на судиите е сериозна работа заради тоа што прво земаат плата од граѓаните сите нас не плаќа нашиот народ, втората работа зависи делокругот на атмосферата на севкупниот живот на државата дали ќе има повеќе инвестиции, дали млади ќе остануваат овде, дали ако некој се чувствува дека е правичен има надеж дека ќе дочека правда во оваа држава, токму заради тоа тргнуваме во еден процес на прочистување и проверка, преку имотот, преку судирот на интереси“, рече премиерот.

Соред Заев, правната држава мора да ја дочекаме не заради тоа што тој така сака, туку затоа што граѓаните така сакаат.

„Кога тргнавме со повикот до судскиот совет, до ДКСК до ЕУ да ги искористи своите алатки и инструменти за мониторингот за случаеви од висок профил, ја повикав дури и изршната власт која што е директно под Владата да постапи по своите надлежности. Целта е да ги осигураме и обезбедиме сите тие чесни и професионални судии и обвинители и да ги оттргнеме од нив сите тие нечесни и непрофесионални којшто верувам дека се помалку на број за да може пополека да враќаме амбиент каде што ќе се дели правда каде што ќе се постапува исклучиво по закон“, нагласи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e