Заев и Царовска: Направивме реформи во социјалната и детската заштита за да ги заштитиме ранливите категории граѓани

Направивме реформи во областа на социјалната и детската заштита за да ги заштитиме ранливите категории граѓани, да им го вратиме достоинството, но и да овозможиме еднаков старт за секое дете, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на средба со корисници на социјални права и надоместоци.

– Овде сме да ги чуеме граѓаните и нивните пораки за мерките од социјалните реформи за да видиме дали се реализираат согласно нашите очекувања. Тргнавме од определбата за создавање праведно општество кое се грижи за намалување на социјалната нееднаквост во нашата земја. Креиравме социјална реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани и значително ја зголемивме финансиската помош која ја добиваат најсиромашните, рече Заев.

– Не само што го зголемивме социјалниот надонесток, туку вложуваме во прекфалификација на луѓето кои се невработени за да може да се активираат на пазарот на труд. Право на образовен детски додаток за прв пат е достапен за семејствата со ниски социјални примања. Со драстично зголемување на бројот на корисници бројот на деца корисници од 3.200 порасна на повеќе од 70 илјади. Воведовме ново право додаток за образование за деца во основни и средни училишта и тоа сега го користат 64 илјади. Воведовме социјална пензија за лица кои немаат друг извор на приход и се без потребниот стаж. Реформите во социјалната и детската заштита ги правевеме многу внимателно за да се опфатат ранливи категории и да се овозмоажт еднакви шанси за секое дете, истакна Заев.

Министерката Царовска истакна дека денеска сакаат да слушнат од корисниците на права и услуги што е тоа што државата успеала да го подобри, а што може да се направи дополнително, бидејќи, како што рече, системот е динамичен постојано треба да се менува и да се адаптира на потребите на граѓаните.

– Оваа реформа која ја направивме дава резултати и опфаќа повеќе од 120 илјади граѓани. Со социјалната пензија досега успеавме да опфатиме околу 4.000 корисници што значи дека ги достигнуваме таргетите. Образовниот и детскиот додаток ги даваат резутатите и ги дополнуват приходите на семејствата се со цел идните генерации да ги стимулираме да излезат од сиромаштија преку образование, рече Царовска.

Таа посочи дека истовремено се работи родителите освен што добиваат гарантиран приход кој, како што рече, е подостоинствен од оној што го добивале претходно, да се активираат на пазарот на труд. Програмата, појасни таа, предвидува поддршка и менторство преку АВРМ и има за цел овие лица да добијат поддршка за користење на услуги или мерки за вработување, со цел да станат активни баратели на работа.

Воведувањето на управување на случај, според Царовска, ќе овозможи секое семесјтво да се евидентира и на тој начин да се овозможи да се дејствува на семејството како систем.

– Така имаме контрола на тоа што во одредено семејство може да се направи како интеревенција и да ги извлечеме од сиромаштија. Ако не успееме оваа генерација тогаш барем да сме сигурни дека следната ќе има подобар старт во општеството и во животот, рече министерката за труд и социјална политика.

Пред средбата некои од корисниците на правата и надоместоците од областа на социјалната и детската заштита ја искористија можноста да се заблагодарат за направените реформи, кои, како што рекоа, им го олесниле животот, ги направиле да се чувствуваат подостоинствено и да да им ја вратат вербата во институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e