Заев: Со Бугарија нема да правиме националистички спектакл, ќе се обидеме да најдеме решение

Со Бугарија ќе продолжиме да бараме заеднички прифатливо решение и од тоа нема да правиме шоу, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.

Запрашан за став по изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, дека вчера било понудено Македонија да потпише документ со кој ќе се гарантира решавање на отворените прашања, Заев рече дека македонската политика има јасни позиции.

-Искуството од преговорите со Грција ми кажува дека вистинско решение е ако двете страни излезат како победници, сега уште не сме стигнале дотаму во разговорите со Бугарија, ќе продолжиме да разговараме но не преку јавни препукувања. Ќе информираме суштински, но нема да правиме шоу. Удирањето во гради е атрактивно но не ја зголемува шансата за решение. Македонскиот идентите е гордост и ќе остане така. Без да правиме националистички спектакл за ова прашање, рече Заев.

Тој очекува овие денови да се интензивираат разговорите и до вторник да се обидат да постигнат решение.

-Верувам до 17 ноември имаме време да најдеме решение. Убаво е да постигнеме, ако не остануваат можностите до декември“, додаде Заев апелирајќи да се „стишат“ реакциите на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e