Заев: Актуелниот парламентарен состав треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста за предвремено ратификување на Протоколот за НАТО, ако Шпанија не формира Влада пред распуштањето на Собранието. Според него, тоа е работа на власта, а барањата на опозицијата се политиканство.

На брифинг со новинарите, премиерот истакна дека очекува Шпанија да го ратификува протоколот до крајот на јануари, по што останува ратификацијата само во нашиот Парламент.

Заев останува на ставот дека треба овој парламентарен состав да го ратификува Протоколот за НАТО, па затоа меѓу варијантите не се изостава ратификација однапред, но истата да се објави во Службен Весник по ратификацијата во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e