Задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит, ловната сезона започнува порано – Што предвидува новиот Закон за дивеч и ловство?

Ловџиите задоволни од новиот Закон за дивеч и ловство.
Новиот Закон за дивеч и ловство кој што го донесе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е европски закон кој носи многу новини:
✅️ Една од новините е дека се излегува од досегашните концесиски рамки и во иднина дивечот се дава на користење и управување и тоа на период од 20 години, а при исти услови предност ќе имаат досегашните корисници, главно Ловечките друштва.
✅ На Ловечката федерација и се даваат поголеми јавни овластувања.
✅Од безбедносен аспект се предвидува задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит.
✅Флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч.
✅Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловеч на ден за одделни видови на дивеч.
✅Дополнително, се овозможува законска можност за формирање на полигон за застрел на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч, со што се дава дополнителна мотивација за развој на ловниот туризам како и производство и промет на месо од дивеч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e