Во Грција со негативен ПЦР тест од 17 август?

Од 17 август во Грција ќе можеме да патуваме со негативен ПЦР тест.

Ова за Фактор го потврдиле од Грчката Канцеларија за врски во Македонија.

На брифинг што го одржала грчката Влада, односно портпаролот на Владата, Аристотелија Пелони, а кој се однесувал на состојбата со Ковид-19, биле соопштени повеќе детали во врска со рестриктивните мерки.

„Што се однесува до копнените граници, од 17 август, е задолжително да се прикаже негативен тест за молекуларна контрола (тест PCR) за сите лица кои влегуваат. Тестот не смее да биде постар од 72 часа пред да влезе некој во Грција. Грчките граѓани и оние лица со дозвола за престој исто така се должни да го прикажат тестот. Тестот мора да се изврши во земјата на потекло, а не во Грција“, се вели во одговорот што го добиле новинарите на Фактор од Грчката канцеларија за врски.

Извор:Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e