Во четврток снег до 50 см, од петок температури до -20°

Значителна промена на времето не очекува од четврток кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег.

Најпрво студениот бран ќе ги зафати северните и западните, а потоа и во останатите делови на земјата. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сm. Најобилни врнежи ќе има во четврток попладне во северните и во петок претпладне во источните делови од земјава.

До сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Од петок температурите значително ќе опаднат. За време на викендот облачноста ќе се намали и ќе биде многу студено. Утринската температура на места ќе се спушти и под -20 степени, а максималната ќе се задржи негативна во интервал од -12 до -4 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e