ВМРО – ДПМНЕ ги објави кандидатите за Битола, Штип и Кисела Вода

ВМРО-ДПМНЕ денес соопшти дека на локалните избори во Битола ќе го кандидира пратеникот Зоран Илиоски, кој ќе има тешка задача да ја задржи оваа општина под контрола на ДПМНЕ по три последователни мандати на Владимир Талески, обвинет за малверзаиции со учеснички превоз.

Партијата информираше дека повторно ќе настапи со Илчо Захариев во Штип, со Ратко Димитровски во Кочани, со Ѓоко Стрезовски во Ресен, со Зоран Тасев во Свети Николе…

Што се однесува до скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ ги кандидира Јохан Тарчуловски за Кисела Вода и Дарко Костовски за Бутел, иако на претходните избори во овие општини победи со Билјана Беличанец и Петре Латиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ