„Виталија“ донира здрава храна преку Црвениот Крст

Продолжувајќи ги своите активности, „Виталиа“ даде поткрепа на битката со корона вирусот во земјава, преку аконтативна исплата на целиот данок за добивка за 2020 година, во износ од 7.002.194 денари. Исто така, компанијата донира поголемо количество здрава храна на Црвениот Крст наменета за социјално најзагрозените семејства.

– Соочувањето со корона вирусот е предизвик којшто бара активно и посветено вклучување на сите членови во општеството, не само на државните институции. Ова е навистина тешка и исцрпувачка битка, и со намера да го поддржиме севкупниот медицински персонал, но и останатите служби, како полицијата и армијата, аконтативно го исплативме данокот на добивка. Освен што со заедничкото совесно однесување сите придонесуваме да се спречи ширењето на Ковид-19, секој од нас, во рамките на своите можности, треба да даде конкретна помош во оваа борба, истакнуваат од „Виталиа“.

Поради вонредната состојба, посочуваат од „Виталиа“, на лицата што се загрозени во нормални услови, треба да им се обрне посебно внимание.

– Како што наоѓаме начин да им помогнеме на најблиските, и покрај тоа што мораме да држиме безбедно растојание, така треба да најдеме начин да им дадеме поддршка и на сите што им е потребна. Волонтерите, како и целата организација на Црвениот Крст се вистинска инспирација за сите нас и за таа цел се надеваме дека оваа донација ќе им помогне да ја продолжат својата благородна мисија, велат од „Виталиа“.

Од компанијата истакнуваат дека и покрај сите препреки предизвикани од коронавирусот, тие периодов вложуваат максимални напори непречено и безбедно да произведуваат здрава храна со цел таа да биде достапна до широката популација, но и да овозможи поддршка таму каде што е најпотребна. За таа цел „Виталиа“ неодамна донира заштитна опрема и комплети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје. Исто така, врши бесплатна достава на здрава храна за лицата над 60 години на територијата на целата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e