(Видео)Спасовски: Се обврзуваме со Младинска гаранција пред вас младите

Генералниот секретар на СДСМ денеска беше во посета на Крушево од каде даде изјава за медиумите.

Изјавата ви ја пренесуваме во целост.

Почитувани,

Во денешнава посета на Крушево констатирав дека младите заминуваат од Крушево. Младите од Крушево го напуштаат своето родно место и Р.Македонија затоа што не гледаат перспектива и заради тоа што немаат егзистенција.

И ова не е само болка на Крушево туку е болка и на Р.Македонија.

Досега од 626.312 граѓани коишто ја напуштиле Македонија претежно се млади луѓе. И токму денеска на оваа т.н индустриска зона Опаленик овде во Крушево да не беше лажно ветување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше некоја можност, ќе се отвореше некоја фабрика, некое работно место и некој од младите луѓе ќе имаа егзистенција и ќе имаа перспектива својата иднина да ја градат овде во Крушево и во Р.Македонија.

Меѓутоа констатацијата на граѓаните на Крушево е дека се подготвени заедно да ги промениме овие состојби. Да овозможиме младите луѓе да останат во Крушево и Р.Македонија и заеднички да ја градиме иднината на оваа држава. За тоа се потребни решителност, сериозност, одговорна власт, добра програма и добри мерки.

Затоа и овде пред Вас ветувам дека СДСМ ќе направи `се во однос на младите и развојот на младинските политики за да можеме да им влееме надеж на граѓаните на Р.Македонија.

Затоа се обврзуваме по формирањето на Владата на Социјалдемократкиот сојуз на Младинска гаранција за сите млади. За секој млад човек,оној којшто дипломирал да има можност да студира на магистерски студии. За оние коишто завршиле средно образование да се запишат на факултет. Едноставно потребни се политики преку којшто државата ќе обезбеди преку бизнис инкубатори 10.000 евра за секој млад човек којшто ќе сака да започне сопствен бизнис. Најважно од `се е да ја зголемиме економската моќ на граѓаните. Да помогнеме на секој граѓанин на Р.Македонија, што е можно повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и на тој начин да се пробуди желбата, надежта заеднични да ја градиме Р.Македонија и што е можно повеќе луѓе да се вратат од оние што излегоа надвор од сопствената држава.

spasovski4spasovski3

spasovski2spasovski

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e