(ВИДЕО) Заев: И по цена да не ги добијам потписите – Уставот во Р.Македонија нема да се менува

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Али Ахмети во Мала речица даде изјава за медиумите.

– Јас се надевам дека колку што е можно побргу овој преговарачки процес ќе заврши и тоа позитивно. Денес одредени работи ги расчистивме со господинот Ахмети. Се надевам дека и нашите стручни тимови ќе го доловат духот коишто ние го разговаравме за да можат да ги изнајдат тие решенија во рамки на уставот и ќе го олеснат животот на еднаквоста на граѓаните во Република Македонија, рече Заев.

Одговарајки на прашања од новинарите тој потенцираше дека разликите со ДУИ се во толкувањето на уставната имплементација и практична примена на законот.

– Голем дел од платформата на СДСМ која произлегува од Планот за живот во Македонија како и платформата од албанските политички партии се апсолвирани прашања. Го изнајдовме начинот во делот на рамномерната распределба на капиталните инвестиции и буџетските средства за да може секој граѓанин да си ја чувствува Македонија за своја мајка. За НАТО како и за СЈО имаме исти ставови, потенцира лидерот на СДСМ.

Видео: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e