(ВИДЕО) Спасовски: Според експертите, пикот се очекува во следниве 2-3 недели

-Никој, апсолутно никој е е заштитен ниту поштеден од корона вирусот. Мерките ги носевме етапно, нашиот највисок и постојан приоритет е да ги заштитиме граѓаните и колективниот имунитет и да ги минимизираме негативните последици по економијата, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Според прогнозите на експертите, како што соопшти Спасовски, пикот следи во следниве две-до три недели. Затоа порача тој нашето однесување треба да биде порадикално.

– Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, рече Спасовски.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e