(ВИДЕО) Шилегов: Обезбедуваме живот во Скопје за сите

На велосипед, симболично, и со пораки за нови политики коишто носат живот во главниот град, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов денеска ја започна предизборната кампања.

Шилегов порача дека оваа кампања и овие локални избори се поинакви, бидејќи граѓаните избираат нови политики коишто носат изградба на инфраструктура по план, нови можности, чиста животна средина, повеќе пари кај граѓаните и живот за сите во Скопје.

„За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку патеки. Градиме мостови за подобро да го поврземе градот. Ги напуштаме автоцентричните решенија, за да го зголемиме учеството на останатите во сообраќајот. Го гасифицираме Скопје, почнувајќи од населбите без топлификациска мрежа. Преземаме системски мерки за да обезбедиме чист воздух за граѓаните, што поското. За децата и средношколците обезбедуваме грижлив и просперитетен град а за сите граѓани нова, отворена, услужна локална власт“, рече Шилегов.

Шилегов, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев најави отворање на нов Градски Парк во Карпош, покрај кејот на Вардар со површина од 30 хектари кој ќе биде опремен со нови садници, патеки, урбана опрема, во чиј состав ќе се изгради и ботаничка градина.

„Сето ова е наведено во програмата што врз основа на предлозите од граѓаните ја подготвивме со советниците и експертите од различни области, а во фокусот се граѓаните и подобар живот за сите“, додаде Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e