(ВИДЕО РЕТРОСПЕКТИВА) ВАКА ТЕЧЕШЕ ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ СТРАЦИН-КР.ПАЛАНКА Најголем инфраструктурен проект за овој крај од независноста до денес

Со видео ретроспектива за тоа како почна и течеше изградбата на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, поранешниот вицепремиер и министер Љупчо Николовски уште еднаш со честитки до своите сограѓани за овој најголем проект од независноста до денес.
“Зборот е збор ! Експресен пат Крива Паланка – Страцин. Честитки мои кривопаланчани за најголемиот обезбеден и реализиран проект за нашиот регион од независноста до денес!
Сега очекувам и новата Влада, која 11 години го заборави североистокот, да се избори, почне и реализира уште поголеми проекти од овој за Крива Паланка и да се грижи за секој човек, како што тоа го покажавме на дело во овие 7 години на поддршка, развој и грижа за секој” – напиша тој.

Граѓаните беа сведоци како новата влада на неумешен начин се обиде да го “украде” овој проект и да го претстави како свој, само затоа што последните 10% од изградбата (поради нивна блоката во Собранието) остана да се дозавршат после изборите во мај 2024, но сепак граѓаните, посебно од овој крај се свесни и знаат да проценат дека експресен пат од 25 км не се гради за 6 месеци, туку се потребни многу подготовки, проекти, експропријации, решавање на проблеми…Најбитно, овој експресен пат беше повеќе од потребен, затоа што кривопаланчани го заслужуваат!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e