ВИДЕО: Мирон Тасевски со мерката „Млад земјоделец“ купи опрема за да прави вино по своја мерка

Младиот инженер по винарство и лозарство Мирон Тасевски прави вино по своја мерка. Произведува малку, но затоа квалитетно. Наградите му даваат потврда дека е на вистинскиот пат.
„Дојче Веле“ ја пренесува неговата инспиративна приказна, а за трудот овој млад човек доби пофалби и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
– Само со еднакви шанси и можности младите може да останат тука. Се радувам на секој успешен пример како Мирон, порача министерот Николовски.

Младиот Мирон го живее својот сон како енолог. По работното искуство во две домашни големи винарии, гаражата на дедо му во Ченто ја пренаменува во мала домашна визба.

-Во една мала винарија е многу поедноставно и попрецизно, може да се направат високо квалитетни производи како вино или ракија и полесно се внимава на квалитетот бидејќи има помали количини и мојата цел е да правам што поквалитетни и поприродни вина, вели тој.
Артизанскиот начин на правење вино го потикнува да да ја искористи мерката „Млад земјоделец“ и на тој начин си дава шанса за прозиводство на вино по своја мерка.
-Опремата за винарство не е евтина. Сите овие иноксни цистерни и машини чинат многу и за моја среќа успаев да аплициран на еден грант што го даваше министерството за земјоделие и тој грант ми беше одобрен и со парите што ги земав успеав да ја купам целата опрема за винаријата, вели Мирон.
Тоа е доста добра страна и може кој било да го искористи во Македонија, додава тој.
Како дипломиран инжженер по винарство и лозарство произведува се од грозје, вино, ракија, маџун и сок.
Во потрагата по знаење и искуство стигна до Нов Зеланд во винаријата „ВинЛинк“.
– Се одлучив да одам во Нов Зелан затоа што е на јужната хемисфера и кај нив сезоната за берба е во февруари и март што е спротивно од кај нас, во септември и октомври и на тој начин можев да искористам две берби во текот на една година.
Јас работев во една голема винарија која произведува само „Сувињон бланк“ и научив доста за процесите на правење на бело вино и за организациониот процес во прозиводството на вино.
Пристапот на Мирон овозможува производство на мали количини на вино, но доволни за награди на натпреварот „Винотек“ во Кавадарци, Бронза за Вранец 2019 и сребро за „Каберне Сувињон 2021“.
-Македонија е позната по тоа што имаме многу насади на грозје и разни сорти на грозје. Има потенцијал да се прават различни стилови на вина, од црвени до бели, пенливи, розе вина, оринџ…
Има услови за што било да се посака, да се замисли може кај нас да го направиш. Има потенцијал, има иднина и за други млади луѓе да почнат да се занимаваат со правење на вино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e