(ВИДЕО) Костадинов: Денес патриотизам е да се зачува секое работно место, да се обезбеди минимален приход за секој граѓанин

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту имале, ниту имаат намера да се откажат од нешто, или пак да поддржат нешто што е во интерес на граѓаните и државата, рече на прес-конференцијата Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

„Ова е време на солидарност, време во кое сите ние треба да се ставиме во функција на зачувување на здравјето, зачувување на секое работно место, обезбедување на минимален приход за секој граѓанин. За да го одржиме целото тоа, сметаме дека навистина во ова време треба целиот овој товар сите заедно како граѓани без исклучок да го поделиме товарот за да може да го одржиме нивото на јавната потрошувачка на стабилно ниво за да го одржиме буџетот стабилен.

Овие мерки се чин на патриотизам. Патриотизам е да се зачува секое работно место, да се обезбеди минимален приход за секој граѓанин, затоа што само солидарни, одговорни и храбри, но и спремни и одлучни да се соочиме со овие сериозни предизвици ве уверувам дека само така можеме да излеземе како победници“. истакна Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e