(ВИДЕО) Граѓаните едвај преживуваат

Месечните приходи не стигнуваат а сметките и даноците мора да се платат. Граѓаните велат платите не само што не обезбедуваат удобен живот туку и не стигаат за живот. Не веруваат во подобри времиња туку велат тешко се живее, а ќе биде и уште потешко.
Наспроти анализите од заводот за статистика кои покажуваат дека сиромаштијата во државата се намалила на 21,5 проценти сеуште речиси половина милион луѓе живеат под прагот на сиромаштијат неможејќи да ги задоволат основните потреби за живот. Според податоците дури 56% од семејствата со вкупните приходи живеат многу тешко или тешко. Поразително е тоа што според анализата домаќинствата со вработени не се во многу завидна состојба. Според платите од вработениост домаќинствата располагаат со околу 260 евра месечно. Оваа сума во 2015 година во однос на 2014 година се зголемила за скоро 18 евра на месечно ниво. Сепак, најподложни на сиромашатијата се невработените, кај кои стапката на сиромаштија изнесува 39,7%.
Стандардот на македонските граѓани во однос на европскиот просек изнесува 36% што ја вбројува земјата во групата на оние чии граѓани имаат најнизок стандард.

24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e