(ВИДЕО) ЕКСПРЕСЕН ПАТ РАНКОВЦЕ-КР.ПАЛАНКА Дозавршени останатите 10% од делницата Кр.Паланка-Длабочица

Комплетно завршена втората делница Крива Паланка-Длабочица, дел од експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин.
Кон средината на месец откормври изведувачот над работите Гранит и Бетон комплетно ја завршија изградбата на втората делница Крива Паланка-Длабочица во должина од 10 километри која е дел од изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин.
Вкупната инвестициона вредност на делницата е околу 50 милиони евра, со средства од Светска Банка и грант средства. Надзорот беше доверен на ДИВИ Македонија и Евроконсалтинг.
Со изградбата на патната делница се скратува времето на патување, граѓаните добиваат безбеден, сигурен и непречен сообраќај.
Оваа делница како и целиот експресен пат беа 90% изградени до изборите во мај, односно од предходната власт на СДСМ, на новата власт им остана само да ги дозавршат финалните работи со што граѓаните наскоро ќе можат да ги користат бенефитите од овој значаен проект.
ВИДЕО ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e