(ВИДЕО) 360°: Македонското образование на светското дно

Што е причината за поразителните резултати од тестот за нивото на знаењето на 15-годишните ученици во Македонија, кои ги откри таканареченото ПИСА-тестирање, кое се смета за најрелевантна споредбена проверка за квалитетот на образованието во државите поединечно? Од 73 земји опфатени со тестот за математичка, научна и јазична писменост, полоши резултати од Македонија имаат само Косово, Доминиканската република и Алжир. Она што дополнително фрапира е комплетниот молк на институциите по ваквите резултати. Реперна точка во истражувачката сторија е Словенија, која е со најдобри резултатот во регионот и меѓу првите 15 во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e