(ВИДЕО) 360˚ Ристовски: Мицкоски е теледиригиран од претходното раководство…

Љупчо Ристовски, професор и аналитичар, претседател на Институтот „ИНТЕГРА“, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за последните случувања во ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за отворање на уставните измени во парламентот.

– За мене улогата на Мицкоски и на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Станува збор за класично теледиригирање од претходното раководство и јас не би се осудил да размислувам дека Сашо Мијалков бил „мастер-мајндот“ на криминогеното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога од прислушкуваните разговори видовме кој е всушност „мастер-мајндот“ на целата таа операција. И сега, ако заедно сте ги брцале рацете во теглата со медот, медот е останат и на едната и на другата рака. Ако сакате да оставите впечаток на доверба од страна на јавноста во вашите политички одлуки сега во овој момент, треба да направите класичен рез. Ако имаме малигно ткиво, тоа се сече целосно, значи се што е инкриминарано. Тоа е сериозен баласт за ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ – рече Ристовски.

Како што кажа тој, сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ коишто беа предмет на СЈО, требаше да се повлечат со сите партиски и државни функции од почит спрема партијата.

– Истите луѓе со истите навики и рутини, влегле во сериозни проблеми и се фатени живи во тие проблеми и има постапки према нив, не можете со истите луѓе со истите рутини и навики, да се извлечете од тие проблеми. Од тука, Мицкоски и понатаму има сериозен баласт во дел од раководството на партијата, дел од пратениците на партијата, иако само еден дел одглумија дека се тргнаа од партијата. Јас мислам дека ако сака Мицкоски и лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да влее доверба кај јавноста дека е искрен во своите намери, треба да носи резолутни одлуки. Во моментов довербата на јавноста во лидерството на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ е сериозно ниска. Имаше сериозна колебливост на јавна сцена во предреферендумскиот период. Таа понтијпилатовска политика, како што стои во Новиот завет – си ги испра рацете и ја фрли вината, народот ако згреши-згреши. Нели, ако народот ја донесе одлуката, ние ќе се усогласиме со волјата на народот. Е сега кога народот донесе исправна одлука, не се усогласувам со волјата на народот – рече Ристовски.

Целата емисија погледнете ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e