Во видеото што денеска го објави СДСМ, Костадин Костадинов одговара на 30 прашања, меѓу кои кажува дека би бил пилот ако не беше политичар. Најдобар пријател на Костадинов му била неговата девојка, омилена телевизиска серија му е „Хаус оф кардс“ која ја гледа со чашка добро изладена струмичка мастика, а во политиката влегол поради Груевски.