Работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со заедничка работа и добра координација го подобруваме функционирањето на министерството за доброто на македонските земјоделците и граѓаните, објави денеска на социјалните мрежи, министерот Цветан Трипуновски.
Со добивањето голема доверба од граѓаните на последните избори, високите претставници на власта знаат дека и очекувањата на гласачите се големи и затоа не испуштаат прилика а да не објават дека ете нешто работат. Со тоа нивно медиумско експонирање, многу често знаат да ја поминат линијата на стандардно информирање на јавноста за нивната работа.
Така, последниот случај е токму овој со министерот за земјоделство, кој замислете објавува вест дека се сретнал со својот заменик, нешто што треба да е редовна комуникација на дневна основа.
За оваа т.н вест, со свој фејсбук статус се огласи и новинарката Катарина Синадиновска:
И Зоран Милошески го искоментира овој гаф на министерот за земјоделство: