Верификациската комисија му предложи на Собранието да ги верифицира мандатите на новоизбраните пратеници

Верфикациската комисија, која денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, констатира дека нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници. Согласно член 13 од Деловникот на Собранието, Верификациската комисија му предлага на Собранието да ги верифицира мандатите на избраните пратеници.

За претседател на Комисијата, на предлог на претседателот во претходниот состав Талат Џафери, беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафије Садики Шаини.

Верификациската комисија на денешната седница го разгледа и Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) oд спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година. Образложение по Извештајот даде претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Верификациската комисија, како што рече Шахпаска, утврди дека предвремените избори за пратеници во Собранието се спроведени согласно со Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието, број 09-1422/1 од 16 февруари 2020 година и Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремeни избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, број 09-2094/1 од 15 јуни 2020 година, донесени од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, а врз основа на одредбите од Уставот на Република Северна Македонија и Изборниот законик.

– Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, ги спроведоа Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и избирачките одбори. Врз основа на записниците од општинските изборни комисии и записниците од избирачките одбори Државната изборна комисија ги утврди конечните резултати, рече Шахпаска.

Врз основа на Извештајот на Државната изборна комисија од спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието, Верфикационата комисија констатираше дека нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.

Собранието ги верифицира мандатите на новоизбраните пратеници воПарламентот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e