Транспарентноста на институциите за 3% подобра од лани

Транспарентноста на институциите се подобрила од лани, но само за три проценти. Сè уште само 76 насто од информациите ги споделуваат со граѓаните, покажува најновата анализа на Центарот за граѓански комуникации. Па така, граѓаните за информации најмногу дознаваа од луѓе, медиуми, а помалку од институциите.

Најмалку се објавуваат информации за финансиите, покажува годишното рангирање за индексот на активна транспарентност. Најтранспарентни како и лани се Министерството за одбрана и Владата со 100-процентно споделување на информациите. Меѓу општините најтранспарентни се Гевгелија и Велес. Од регионите во Македонија, најмалку информира скопскиот регион.

Се влошува состојбата со барањата за слободен пристап до информациите. Општините давале одговор на граѓаните по 16 дена, а министерствата по 19, едвај до истекот на законскиот рок од 20 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e