Тевдовски од Куманово: Економските бенефити од членството во НАТО и ЕУ се многукратни

Важно е да имаме успешен референдум што ќе ни овозможи да ја подобриме економијата, рече вечерва пред жителите на кумановската населба Карпош, министерот за финансии Драган Тевдвоски.

Со успешниот референдум, посочи, Македонија се приближува до НАТО, најмоќниот воен сојуз што нуди безбедност, а тоа е значајно за инвеститорите. Инвестициите растеле и во други држави откако биле примени во НАТО, капиталот отвора нови работни места, а зголемената конкуренција раст на платите.

– Најважно за да се вложат пари во некоја земја, е дали тие се безбедни, а гарант за таквата безбедност е членството во НАТО, истакна Тевдовски.

Според него, како што ќе се доближуваме до ЕУ, ќе ни се отвораат повеќе можности за повлекување грантови. Тие средства ќе се инвестираат во инфраструктурата.

– Економските бенефити од членството во НАТО и ЕУ се многукратни. Оваа е шанса што мора да искористиме, рече министерот и ги повика граѓаните на 30 септември да гласаат „за“ економија, подобри работни места, повисоки плати, а со тоа и за иднината на Македонија.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски нагласи дека референдумот на 30 септември е историски момент за државата. Осврнувајќи се на потенцијалните придобвики, потсети дека со средства од ЕУ е изградена канализациската мрежа за 57 улици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e