Тепачка помеѓу Македонци и Грк во Мелбурн поради знамето од Кутлеш

Тензиите помеѓу локалната грчка и македонска заедница околу слика на еден фејсбук статус на која градоначалничка од малиот град Витлси игра со знамето од Кутлеш(Вергина) е поводот за насилниот напад врз еден маж во ресторан во Мелбурн минатата недела, пренесе СДК.

Полицијата отвори истрага откако тројца мажи нападнале 20-годишен маж, по што избегале, оставајќи го со помали повреди на лицето и со скршен прст.

Полицијата се уште не ги привела напаѓачите.

Како што објавија локалните медиуми, напаѓачите и жртвата претходно биле на седницата на советот на околниот град Витлси, каде што имало најавено протест. Ова уследило откако градоначалничката на Витлси Емилија Лиза Стерјова објави фотографија на Фејсбук, на која таа танцува држејќи знаме со Вергина. Потоа градоначалничката го избришала статусот. Грчката заедница од локалната власт побарала во спорот да се вклучи и австралискиото министерство за надворешни работи, но барањето било одбиено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e