Стоилковски и Арсовски нови портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

На синоќешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ е донесена одлука во Центарот за комуникации на партијата да се постават двајца нови портпароли, Новинарот Наум Стоилковски и доскорeшниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски, потврдуваат од партијата за „Фокус“..

Со оваа кадровска промена ВМРО-ДПМНЕ има намера да го смени односот кон медиумите. Како што велат од таму за „Фокус“ новите портпароли треба да ја подобрат комуникацијата на партијата со медиумите.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше новинар, работеше во неделникот и порталот Република, а подоцна и во Телевизија Нова. Арсовски има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.
Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e