Стекнување автокефалност на МПЦ е една од придобивките од Преспанскиот договор, смета професорот Спасеновски

Универзитетскиот професор од Правниот факултет во Скопје, Александар Спасеновски, смета дека решавањето на статусот на автокефалност на Македонската православна црква (МПЦ) е една од придобивките од потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција.

„Серијата на активности во рамките на православната црква поврзани со известувањето на Синодот, изјавите на Вселенскиот патријарх, писмата од македонскиот државен врв, писмата на Вселенскиот патријарх до СПЦ итн. Сè тоа се серија на настани кои доведоа до ова што го имаме денеска. Меѓутоа, треба да бидеме искрени и тоа јавно да го кажеме дека ако треба да ги бараме и да ги најдеме придобивките од склучувањето и потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше надминат долгогодишниот спор кој го имаше Република Македонија со Република Грција околу уставното име на нашата држава, освен членството на НАТО, во тој случај, бездруго, тоа е и ова што го живееме, а е поврзано со стекнувањето на автокефалниот статус на МПЦ“,

рече Спасеновски во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
Според него, решавањето на статусот на МПЦ значи и натамошно зајаканување на темелите на македонската држава.

„Ако го земеме предвид фактот дека стабилноста на црквата, автокефалниот статус на МПЦ е натамошно зајакнување на темелите на македонската држава, во тој случај, меѓу другото, склучувањето на тој договор и надминувањето на тие несогласувања, на некој начин, придонесуваат во насока на зајакнување на стабилноста на македонската држава“,
рече Спасеновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e