ССМ контра Ралповски: Социјален дијалог има, носиме мерки во интерес на вработените и граѓанте

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска реагираше на изјавата на Благоја Ралповски, откако посочија дека социјалниот дијалог функционира и се носат мерки во интерес на вработените и граѓаните.

Реакцијата доаѓа откако претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Ралповски на денешната Национална конференција на КСС за синдикални права, на тема „Улогата и влијанието на синдикатите во општеството” споделидека оваа година има назадување во делот на работничките права и дека во нашата држава не функционира социјалниот дијалог.

„Социјален дијалог има затоа што во изминатиот период редовно се одржуваа седници на економско социјалниот Совет од кои  само  7 се во во 2019 година.

Резултати од тој Социјален дијалог сто ССМ И РАБОТНИЦИТЕ ги препознаваат се:зголемувањето на минималната плата на 14.500 денари, мерките за субвенционирање на придонесите за растот на плати, младинскиот додаток од 3000ден како и потпишување на колективни договори со кои што драстично се зголемија платите на вработените во градинките, социјалната заштита, образованието, здравството, културата.

Исто така ССМ со своите Социјални партнери е во фаза на изготување на целосно нов Закон за работни односи. Во овој процес пред да се отворат јавни дебати за предложениот текст за ЗРО, се одржаа консултативни состаноци со сите сите Синдикати БЕЗ разлика дали се Репрезентативни или НЕ, СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА СО СВОИ ПРЕДЛОЗИ И СУГЕСТИИ ЗА ПОДОБРУВАНЈЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА БЕА ВМЕТНАТИ ВО новиот текст на законот.

Со ваквиот СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ КОЈ Е НА ЕДНО ВИСОКО НИВО ССМ Е СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ СЕ ПОДОБРИ ЗНАЧИТЕЛНО економската и социјалната положба на РАБОТНИЦИТЕ и СИТЕ граѓани.

Ваквото ниво треба да се задржи и во иднина, за што впрочем говореше и ген сек на ЕТУЦ при неговата посета на ССМ која се случи за прв пат во историјата на синдикалното движење“, велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e