Српски Курир: Македонците одвај преживуваат: Живеат со 28 денари на ден!

Македонија се најде на самиот врв на европската листа на сиромашни земји. Не е чудно и тоа што во изминативе 16 години, според податоците на ОЕЦД од Македонија се иселиле 171.730 луѓе. – пишува српски Курир.

Речиси половина милион граѓани на Македонија се сиромашни, а околу 1,2 милиони од нив имаат проблем како да врзат крај со крај во месецот. Дури 43,2 проценти од граѓаните на Македонија немаат доволно приходи за нормален живот, а 300.000 пензионери хранат 900.000 луѓе.

Се поголем е бројот на македонски граѓани кои вадат бугарски пасоши. Во последните 10 години, таа бројка изнесува 57.627, а уште 48.589 добиле државјанства од други европски земји.

На конференцијата, “Сакам да има живот како и другите”, што се одржува во Скопје “Македонска платформа против сиромаштија”, се слушнаа фрапантни податоци дека околу половина милион луѓе живеат под прагот на сиромаштија, 180.000 живеат со по 14 денари (околу 0,4 евра) на ден, а 90.000 со 22 денари (близу 0,3 евра).

За минимална егзистенција треба најмалку 12.000 денари (200 евра), додека социјалната помош изнесува само 2.500 денари (40 евра), беше кажано на конференцијата дека сиромашни се и оние кои се вработени а пензионерите имаат скромни пензиите и се принудени да ги издржуваат младите, кои и работоспособни, но невработени или своите деца, кои работат за минимални плати.

– Денес, 300.000 пензионери хранат 900.000 луѓе. Тоа е факт. За жал, пензионерите секој ден си одат и оставаат се поголема сиромаштија во земјата – потенцираа од Здружението на пензионери на Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e