Средба на Премиерот Заев со Столтенберг и Трамп во Лондон (Фото)

Пртседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев за време на самитот на НАТО во Лондон се сретна со американскиот претседател, Доналд Трамп, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од средбата пишувајќи дека Македонија е 30-та членка на НАТО.

„Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници.Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца“, напиша премиерот Заев.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e