Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека не се откажуваат од една изборна единица, бидејќи е нивно изборно ветување.
„Утре ќе го отворам и тоа прашање ако Мицкоски, сака за тоа да разговараме. Имам некои идеи, сакам да ги предложам, тука е шпицен кандидат, можеби ќе се договориме нешто“, рече Заев.
Тој додаде дека одговорно стојат зад една изборна единица, зошто тоа е добро за државата.
„Спремен сум да преговараме со ВМРО-ДПМНЕ за да се донесе тоа, бидејќи ние веруваме во една изборна единица. ДУИ поднесе 1.200 на албански јазик и уште 300 на македонски јазик, а горчината наша беше зошто ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше поднесено“, истакна Заев.
Според премиерот, во меѓупартиски разговори не го отвориле прашањето за една изборна единица и истакна дека сака да преговараат.
Заев додаде и дека од трети јануари се враќа во партијата со цел да продолжи под полна пареа со подготовките за избори.
Лидерот на СДСМ додаде и дека кога го пријавил случајот „Рекет”, не знаел дека била вмешана Катица Јанева бидејќи на материјалите. кои му ги презентирал бизнисменот Орце Камчев, а подоцна истите излегоа во јавноста, се гледа само Бојан Јовановски-Боки 13.