Спасовски и Заев изразија сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

 Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа ја погоди источна Турција.
-Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме, напиша на Фејсбук, премиерот Спасовски.
Сочувство изрази и доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.
-Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ, објави Заев на ФБ.
Во земјотресот со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер, според последните информации од турските власти, животот го загубија најмалку 19 лица, повеќе од 600 се повредени, а причинета е и голема материјална штета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e