Спасовски технички премиер, Царовска седнува во фотелјата на Анѓушев

Оливер Спасовски ќе биде премиер на техничката влада, додека Мила Царовска ќе го заземе местото на вицепремиер за економски прашања.

Шефиците на кабинетите на актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Славјанка Петровска и Санела Шкријељ, ќе бидат дополнителни заменик-министерки во техничката влада.

Според Изборната регулатива тоа треба да се случи 100 дена пред изборите, а со оглед дека тие се договорени за 12-ти април, последниот рок е трети јануари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да предложи технички министри за два ресора: за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Во тие ресори дополнителните заменици министри треба да бидат предложени од владејачката коалиција.

Опозицијата, пак, ќе треба да предложи и дополнителни заменици министри во три ресори: финансии, земјоделство, и администрација и информатичко општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e