Сопругата и ќерките на Груевски се во Македонија – Боркица е посветена на работата

Од Комисијата за хартии од вредност за 1ТВ изјавиле дека вработената Боркица Груевска, сопругата на поранешниот премиер Никола Груевски кој пребега во Унгарија пред да биде затворен, редовно доаѓа на работа како и сите останати во ова независно тело чиј основач е Собранието.

Таа и по неговото бекство, деновиве се појавила на работа.

„Госпоѓа Боркица Груевска во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е вработена од септември, 2002 година и секојдневно и посветено ги извршува работните задачи на работното место Координатор на Секторот за истражување и развој на пазарот на капитал и меѓународна соработка“ – велат оттаму за 1ТВ.

Дополнително од комисијата посочиле да се почитува нејзиното право на приватност, како и правото на приватноста на нивните деца.

Додека Груевски е во бегство, неговата сопруга и двете ќерки се во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e