Скопје најзагаден град во Европа

Скопје е водечки град во Европа според загадувањето со пм 2,5 честички покажуваат резулатите од Проектот за проценка на здравствените ризици од загадениот воздух. Го спроведе Институтот за јавно здравје со поддршка на Европската Унија. Се работи за честички кои се помали и поопасни од честичките пм 10. Тие се причинители на разни срцеви болести, мозочни удари и рак на белите дробови.

„Во овие три години е покажано дека кај болестите кои се причинети и се поврзани со аерозагадувањето, во 30 до 35 проценти од случаите аерозагадувањето била причина за смртност…“, изјави Драган Ѓорѓев- институт за јавно здравје.

Станува збор за околу 1.300 животи кои се губат годишно заради аерозагадувањето. Искуствата на Финска, чии експерти учествуваа во подготовката на анализата, говорат дека проблемот со загадување таму бил решен пред неколку децении.

„Во доцните шеесети и раните седумдесетти години беа изградени централи за централно парно греење, тие доведуваат топлотна енергија до домовите. Важен е сообраќајот, возниот парк во Финска во изминатите 30 години беше обновен и се намалија загадувачките супстанци кои потекнуваа од возилата“, рече Ото Ханинен- Фински завод за јавно здравје.

Градските власти на Скопје уверуваат дека постојано се преземаат чекори за намалување на загадувањето. Проширување на системот за парно греење, субвенции за печки на палети и обновување на возниот парк на ЈСП.

„…Многу е важно што градот Скопје вложува околу 4 милиони евра за намалување на загадувањето скоро секоја година, ако не беа сите овие мерки досега направени, загадувањето ќе беше многу, многу поголемо“, изјави Коце Трајановски- градоначалник на град Скопје.

Инаку и покрај снежните врнежи изминативе два дена особено во попладневните часови во Скопје индексот на загадување во некои населби беше и десет пати повеќе од дозволеното.

Извор: Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e