СЈО заплени документација за Скопје 2014

Специјалното јавно обвинителство (СЈО), со судска наредба, вчера (18 октомври) запленило документација од Министерството за култура за предмет поврзан со Скопје 2014, дознава БИРН. Неофицијално, станува збор за документација за тендер вреден околу 1 милион евра за изградба на Музејот на македонската борба. – пишува Мери Јордановска за БИРН.

Овој музеј е еден од најголемите потфати на Владата на ВМРО – ДПМНЕ за проектот Скопје 2014. Според склучените договори документирани во базата на податоци на БИРН, „Скопје 2014 под лупа“, изградбата на Музејот чини над 16 милиони евра, но, според бројот на склучени договори, тој е на првото место.

Базата на податоци покажува дека за изградбата на Музејот склучени се 123 договори со правни и со физички лица, меѓу кои има и голем број анекси, непредвидени и дополнителни работи и останати договори со физички лица кои од година во година ја зголемуваа цената.

Оттаму, не се исклучува токму еден од овие тендер да биде предмет на нова истрага. Станува збор за еден од многуте предистраги што СЈО ги води за најлускузниот проект на власта „Скопје 2014“, кој, според базата на податоци на БИРН, досега достигна 667 милиони евра.

СЈО за утре најави прес конференција на која ќе бидат објавени две нови истраги на специјалните обвинители.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e