Шилегов: СДСМ не излегува со обвиненија, ако нема докази дека Камчев ги спонзорирал ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ не излегува со обвиненија ако нема докази за тоа – рече градоначалникот Петре Шилегов во интервју на „Канал 5“ на прашање дали имаат докази за обвинувањата што пред неколку дена ги изнесоа како партија, дека бизнисменот Орце Камчев ја финансирал кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека не ги знае деталите затоа што Градот е негов интерес, но потврди дека како партија имаат некои факти врз кои го темелат своето тврдење.

ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена, ја негираше оваа информација.

Дополнително на прашање дали смета дека СДСМ ќе победи на следните избори, тој рече дека е убеден во тоа. На контрааргументот дека и ВМРО-ДПМНЕ се убедени во победа на изборите, Шилегов со прашање: „Сте чуле ли некоја партија да изјави дека ќе изгуби на избори?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e