Северна Македонија и Косово ќе ја официјализираат соработката во делот на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните

Со потпишување меморандум за соработка Северна Македонија и Косово ќе ја официјализираат воспоставената билатерална соработка на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

Ова го договорија на денешната средба во Приштина директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и неговиот косовски колега, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово, Фламур Кадриу.

-Развојот на трговијата е во интерес на унапредување на економиите на двете земји. Унапредувањето на соработката е и во интерес на реализација на регионалните преиоритети, не само во областа на безбеднста на храната, туку и во ветеринарството. Овде, акцентот е ставен на контролата на болестите кај животните, особено на оние за чие сузбивање и ставање под контрола е неопходно координирано преземање на различни мерки, истакна Бабовски.

Претставници на АХВ ја презентираа актуелната состојба со болестите кај животните во нашата земја и мерките кои се преземаат за нивна контрола и сузбивање.

На состанокот, акцент беше ставен и на меѓуинституционалната размена на информации за безбедноста на храната и трговијата, за чие олеснување разгледани беа неколку предлози и беа разменети и искуства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e