Семејството на Тарчуловски месечно примало по 5.000 евра од државниот буџет?

На една од страниците на ФБ која се занимава со криминалите на поранешната Влада, предводена од Никола Груевски, објавен е документ на владата, од кој се гледа дека во 2011 година била донесена одлука со која на Јохан Тарчуловски му е одобрен месечен надомест во износ од 5.000 евра.

dokument

Документот со печат и потпис на тогашниот вицепремиер Владимр Пешевски, покажува дека тие средства му се префрлани под ставката – помош на семејството на Тарчуловски.

Документот се однесува само на 2011, но не се знае дали помошта продолжила и наредните години.

Тарчуловски по издржување на хашката пресуда, на слобода излезе во 2013 година.

Извор: Ако.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e