Селмани: 25 до 30 милиони евра се доволни за оптимално функционирање на МРТ

Сите досегашни власти имаа цел да се умртви МТВ, а да се игра со приватните телевизии за полесно да се контролира или да се манипулира јавното мнение, вели претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Основна забелешка на ЗНМ и на другите организации е процентот на финансирање на Македонската радио телевизија. Нашето барање е еден процент од националниот буџет да се одвои за финансирањето на МРТВ, јавното претпријатие македонска радиодифузија и дел на Агенцијата за медиуми. До тој процент е дојдено после долги анализи и собирање на информации за начинот на финансирање или подобро речено за начинот зошто не функционира собирањето на радиодифузната такса. Ние сметавме дека околу 25 до 30 милиони евра се доволни за почеток Македонската радио телевизија да има оптимум средства на располагање за да може да се поврати, вели Селмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e