Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, Законодавно правната комисија, постојаната анкетна комисија за правата на граѓанинот и комисијата за здравство.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се предлог законите за изменување и дополнување на законите за државната ревизија, за ревизија, за сметководството за буџетите и буџетските корисници, за сметководството за непрофитните организации, како и на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), сите во прво читање.

Пратениците членови на комисијата треба да расправаат меѓу другото и по Предлог законот за изменување на Законот за меница, во прво читање, но и по Предлог-законот за изменување на Законот за финансиските друштва, исто во прво читање.

На агендата се и предлог законите за изменување на Законот за задолжница, за чек како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија во прво читање.

Како што е најавено, на оваа седница ќе се дискутира и по предлог изменување на законите за Фондот за осигурување на депозити и за финансиска дисциплина, во прво читање.

Барање на наод од Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е единствената точка на дневниот ред на седницата на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Законодавно – правната комисија треба да одржи четири седници на кои ќе се расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за управување со отпад, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, како и по Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за извршување и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, сите по скратена постапка, во второ читање.

Меѓу точките по кои ќе дискутираат пратениците членови на комисијата се и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиските друштва и Предлог-закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, во прво читање. Најавена е и расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, во второ читање.

На седницата на Комисијата за здравство на дневниот ред е Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, во прво читање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e