СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае дека огромното мнозинство граѓани е ЗА европска Македонија

Залудни се измислиците и конструкциите на опозициската партија, граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку бојкотот што активно го организираат, насилно да ја блокираат македонската иднина.

Граѓаните се определени за напредок, интеграција и развој и затоа во недела масовно ќе излезат и ќе гласаат ЗА европска Македонија.

Надлежните институциите се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум.

Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

Како што се ближи датумот за референдум, станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани.

За среќа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се оние кои одлучуваат. Тие остануваат сами и изолирани во темното минато на криминал, корупција, изолација и неизвесност.

Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката за иднината ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија. – стои во соопштението од владејачката СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e