СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ е синоним за политички прогон и пресметки со неистомислениците

Јавноста можеше да слушне и се уште памети како од белиот дворец се нарачуваа казни, судски предмети и пресуди.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ заканите и уцените кон граѓаните беа секојдневие.

Пиштење вриштење, нарачување инспекции, ендеци за жени и деца и палења ресторани, исклучување лифтови на изборен ден, “влечење за уши на гласање” се само дел од начините на кој ВМРО-ДПМНЕ владееше и се однесуваше со граѓаните.

Денес ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски и раководството се уште седат во белиот дворец што е симбол на криминал и расипништво.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство Никола Груевски се уште се заканува со пресметки и пресретнување во темни улички, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што не се оградуваат од него, туку и работат по негови насоки.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и раководството на партијата остануваат послушници на Груевски, осамени во деструктивното делување и одбраната на криминалот.

Но наредбите од Будимпешта и антидржавното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречат напредокот.

Институциите по 11 години заробеништво, конечно функционираат независно и неселективно, без разлика колку тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ – стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e