СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите, денес преку сериозни политики се обезбедуваат подобри услови во студентските домови

11 години студентите беа игнорирани од страна на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое денес глуми загриженост. – велат од СДСМ.

11 години на ВМРО-ДПМНЕ им беа приоритет задоволувањето на личните интереси и профити, наспроти потребите на студентите и обезбедувањето на пристојни услови во студентските домови.

Токму таквиот игнорантски однос и негрижа кон младите е една од многуте причини за заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ со сериозен и одговорен пристап веднаш тргна кон решавање на натрупаните проблеми со кои се соочуваат студентите и започна со обезбедување на пристојни услови во студентските домови.

Потврда за тоа е и донесената одлука за реконструирање на Студентскиот Дом „Стив Наумов“ и во целост ставање на функција сите 1221 легла во зградите 1,2 и 3.

Истовремено, Студентскиот центар заедно со Министерството за образование и наука и со Владата, интензивно работи на подобрување на условите и во другите студентски домови, вклучително реновирањето на блоковите В и Г во Студентскиот дом Гоце Делчев и опремување со мебел и промена на системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу од мазут на еколошко и ефикасно греење согласно Планот за чист воздух.

По повеќе од 13 години, Студентскиот центар од презадолжена институција успеа да застане на здрави нозе и да работи во служба на студентите.

Владата предводена од СДСМ, продолжува со спроведување и на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард намладите . Гаранцијата за млади со која илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување и Европската младинска картичка која ги намалува трошоците за живот на младите се само дел од мерките кои се во интерес на младите. – порачуваат од владејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e