ВМРО ДПМНЕ денеска најави дека ќе го достави законот за амнестија до Собранието, дали тој закон ќе заврши во архивата или пак има простор за разговор?
Нашиот став по однос на предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е сосема јасен. Нема да дозволиме брутален упад прифаќајќи го овој закон во правосудството. Македонија е правна држава и тој принцип имаме обврска да го почитуваме. Точно знаеме што се крие зад предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е амнестија на криминалите на режимот на Никола Груевски. Тоа не смееме и нема да го дозволиме.