СДСМ: На прав пат сме, сите капацитети ги ставаме во функција на граѓаните

„СДСМ го засилува присуството на терен, меѓу граѓаните низ целата држава. Во текот на летото организирани беа над 500 маалски и урбани средби на партиски функционери со граѓаните. Таквите активности дополнително ќе се интензивираат“, соопштуваат од СДСМ.

„Започнува караванот трибини „На прав пат“ на кои ќе разговараме со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните ставови и ќе ги следиме.

Утре, Штип е домаќин на првата трибина на која ќе учествува и претседателот Зоран Заев.

Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.

Сугестиите и предлозите што граѓаните ги дадоа за време на маалски и урбаните средби, како и сите предлози што ќе произлезат од овие трибини ќе ги вградиме во нови мерки и политики, во нова програма од интерес на граѓаните.

За таа цел, сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните.

На прав пат сме! Економијата е на прав пат со рекорден раст од +4.1%, со историски најниска невработеност и 50 илјади нови работни места за само 2 години.

Социјалната реформа е на прав пат, со која обезбедивме подобар живот за 300.000 граѓаните.

Концептот за враќање на парите кај граѓаните е на прав пат!

Како одговорна партија продолжуваме да бидеме меѓу граѓаните и да работиме исклучиво во нивен интерес“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e