СДСМ: Лажните вести за вицепремиерот Анѓушев покажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ е уплашена од економските успеси на владата

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешната економска политика на Владата предводена од СДСМ и вицепремиерот Кочо Анѓушев и затоа секојдневно шири лажни вести во јавноста.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се криеја анкетни листови, се кријеа сопствеништва на компании и пари во даночните прибежишта, Владата предводена од СДСМ продолжува со воспоставениот принцип на отвореност, транспарентност и достапност во нејзиното работење и работењето на министрите.

Се што поседува вицепремиерот Анѓушев е лесно проверливо и достапно до јавноста, наведено во анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување корупција и до медиумите. Јавноста има увид и лесно може да се увери дека е наведена целокупната имотна состојба и сопственост. ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и ништо повеќе.

Преку лажните вести и празните обвинувања за Владата и министрите во неа, ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги прикријат штетите од нивното расипничко владеење, а уште помалку да го прикријат стравот од извесниот пораз на претстојните избори, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e