СДСМ: Единствено што нуди ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот

Единствено што ВМРО-ДПМНЕ можат да им понудат на граѓаните е обнова на режимот!

Тоа е истото нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицковски пуленот на криминалецот во бегство Никола Груевски.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ не се огради од криминалите направени од режимската власт на Груевски и се додека не се огради од криминалците од своите редови, не може да зборува за било што позитивно за граѓаните.

Граѓаните се сеќаваат како се живееше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, време на закани, притисоци,уцени и немање право на сопствено мислење и право на глас.

Денес ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ е упадот на Цветан Трипуновски, неовлaстеното снимање и мобингот што јавно пред камери го правеше во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош. Економија во минус,задолжена држава, дупка во пензискиот фонд, руинирани болници, осиромашени граѓани.

11 години на ВМРО-ДПМНЕ се години на уназадување на државата. Остануваат запаметени како партија која правеше се спротивно на интересите на граѓаните и државата.

СДСМ за само две и пол години направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години. Економија со позитивен тренд на раст, покачени плати, пензии, социјална помош.

СДСМ ја врати демократијата и слободата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски ќе доживеат нов пораз на 12 април. Граѓаните ќе и кажат „не“ на обновата на режимот! Режим никогаш повеќе, стои во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e