СДСМ: Ајде Мицкоски, ако немаш план за бојкот поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ

СДСМ веднаш со реакција на зборовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето во Охрид на протестниот марш.

-Ако Мицкоски нема план за бојкот, има ли план ЗА европската иднина на Македонија? Македонија сега слободно дише и има еден план, стратешки план за влез во НАТО и ЕУ, за сигурна и стабилна иднина. ВМРО-ДПМНЕ веруваме го има истиот план. Ајде Мицкоски поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со заштитен и признаен македонски идентитет. Поддржи и приклучи се кон огромното мнозинство граѓани, партиски и непартиски граѓани, кои сакаат Македонија да успее, да ја биде. На 30 септември нема да има избори, тој ден не е за битка меѓу партии, не е за битка со Мицкоски. 30 септември е ден за голема одлука на сите граѓани. Одлуката за македонската иднина. – се наведува во соопштението на СДСМ.

Да сака СДСМ уште утре ќе го порази Мицкоски на избори. Но, сега прашањето е за иднината, таа одлука е многу поголема од сите политички партии заедно.

Мицкоски може да докаже дали е искрен, јавно да ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на 30 септември и да гласаат по сопствено убедување. – додаваат од владејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e